Tuesday, June 8, 2021

Важни се луѓето... Иднината е светла

 Новиот херој во видеото на Халкбанк е Александра Блажевска, наставничката по хемија и природни науки во ООУ „Јан Амос Коменски“. Таа од сѐ срце ја раскажува приказната за светлоста во нејзината професија – едукација на малите љубопитни научници. Преку невообичаени експерименти на своите предавања, Александра активно вложува во едукацијата и љубовта на децата кон природните науки. Со нескриена љубов и со воодушевување кон детската љубопитност, таа вели: „Влогот во образованието е влог во иднината на човештвото“.

Погледнете го видеото за наставничката што секојдневно ги воодушевува малите брилијантни умови, чија љубопитност ќе ја направи сечија иднина блескаво светла!

ВИДЕО


No comments:

Post a Comment