Природни науки 6 одд

Повторување за сила и енергија

На следниов линк ќе пронајдеш крстозбор кој ќе ти помогне да провериш колку си научил/а за сила и енергија.

Реши го крстозборот и откри како се вика силата која ги привлекува телата кон центарот на Земјата





Промени во струјните кола- креирање фер тест

Со помош на планот кој следи можеш да испланираш фер тест/ коректно истражување. Следејќи го планот за истражување испланирај го твоето истражување за да откриеш.

👉❓Како влијае бројот на светилки во струјното коло врз интензитетот на светлината на светилките.

Фер тест/коректно истражување претставува план по кој се спроведуваат научните истражувања. Тестот се состои од неколку делови кои треба да бидата испланирани пред да се започне со некое научно истражување

1. Поставување прашање ( Научно прашање)- Што сакаме да дознаеме/ откриеме со истражувањето

2. Хипотеза( претпоставка) - сопствено мислење кое сметаме дека е одговор на научното прашање

3. Експеримент( планирање на експериментот)

 а) Што ќе следиме?( Зависна променлива)

б) Што ќе променуваме?( независна променлива)

в) Што ќе задржуваме исто?( контролна променлива)

4. Набљудување- Собирање на податоци
Можеш да ја користиш следната табела за да ги запишеш податоците од истражувањето

5. Заклучок( анализа на податоците од експериментот, одговарање на научното прашање врз основа на добиените податоци)


Можеш да ја искористиш следнава апликација за виртуелно да го спроведедиш твоето истражување

Спроводник или изолатор❓

Модел на час за учење преку истражување👇

Циркулаторниот систем 
Циркулаторниот систем е составен од срце, крвните садови и крв. Тој овозможува снабдување со кислород и хранливи материи на сите клетки во човековото тело. 
Циркулацијата на крвта во овој систем се одбива прку крвните садови кои зависно од финкцијата се поделени на вени( носат крв до срцето и носат крв богата со јаглерод диоксид), артерии( носта крв од срцето и носат крв богата со кислорд) и кпилари ( крвни садови кои ги поврзуваат вените и артериите). 
Кружењето на крват се одвива прку два крвотока: мал крвоток ( срце- бели дробови- срце) и голем крвоток ( срце - човеково тело- срце)
This work by Michigan Medicine is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 license.
https://healthblog.uofmhealth.org/heart-health/anatomy-of-a-human-heart
 

https://gifer.com/en/RdDK



Респираторен систем

Системот за дишење овозможува внесување на кислород во организмот преку процесот на вдишување и изнесување на јаглерод диоксидот преку процесот на издишување.


 http://bodysystems-rlj00.blogspot.com/2012/07/respiratory-system.html



No comments:

Post a Comment